Што се
загадувачи на почвата?
Почвата е
комплексна мешавина на минерали, органски материи,
вода и разни форми на живот. Во првобитната состојба, почвата била незгадена супстанца што ја покрива земјата. Но, луѓето
намерно и/или случајно истурале
штетни производи врз неа во некои области. Отпадот може да и
наштети на почвата, а во некои случаи и на здравјето
на луѓето, растенијата и животните.
По дефиниција,
секоја супстанција во почвата што ги надминува природните нивоа и претставува
ризик
по здравјето на луѓето е загадувач на почвата. Како пример, арсенот природно се
јавува во некои почви. Но, ако некое лице испрска со
одредени пестициди во дворот,
тоа може да предизвика загадување на почвата. Оловото е исто така многу опасно,
но се јавува природно во некои почви. Тоа се користеше во
бензинот
до 1989 година и дури и денс сè уште може да се најде како загадувач во почвите.
Најголеми ризици
од
загадување на почвата има во урбаните
области и поранешните индустриски места. Вообичаени загадувачи во градските
почви вклучуваат пестициди, нафтени производи, радон, азбест, олово, хромиран бакар арсенат и креосот. Во урбаните области,
загадувањето на почвата во најголем дел е предизвикано од човечки активности.
Некои примери се производство, индустриски отпад, урбан развој, локално депонирање на отпад
и прекумерна употреба на пестициди или ѓубрива. Тешкиот сообраќај и сообраќајот
со камиони можат да загадат почвата, а исто така можат и автомобилите.
Кога почвата е загадена со овие супстанции, тоа може да ја наруши природната
средина.
Каде и колкаво е загадувањето
на почвите
во голема мерка ќе одреди како тоа загадување се
шири низ одредена област. Типот на почвата исто така има
улога во неговото распространување.
Како луѓето се изложени на загадувањето на почвите?
Постојат неколку начини на кои
луѓето можат да бидат изложени на загадувачите на почвата. Најчести се:
- Внесување почва
Иако можеби звучи чудно да се јаде почва, односно да се внесе во организмот,
загадувачите можат да се внесат на најразлични начини. Малите деца може да
бидат особено подложни кога играат на
гола почва. Загадената прашина во почвата исто така може да влијае на
снабдувањето со храна. Обилно
миење на прехранбените
производи кои растат во земја
е многу важно. Најголем ризик од внесување
на почвата во организмот се
случува кога почвата се остава гола. Покривањето на почвата со трева или други
растенија и добра прекривка го намалува ризикот од
загадување. Ако луѓето во
ветровит ден јадат на отворено близу откиено тло, загадувачите можат да се најдат во воздухот на храна пред да се конзумира.
- Вдишување на испарувања и прашина
Кога се работи за открени почви, малите честички можат да станат воздушни со ветер на пример. Градежните работи или рушење, рударски активности или одредени активности во уредување на земјиштето можат да создадат прашина од почвата. Вдишувањето на загадена прашина може да предизвика физичко или хемиско оштетување на луѓето. На пример, влакна од азбест можат да ги пробијат белите дробови. Хемикалиите како што е оловото може да му наштетат на нервниот систем, вклучително и на мозокот.
Загадувачите на почва исто така може да се апсорбираат преку кожата. Креосот е вообичаен материјал што се користи за зачувување на дрвото во САД. Оваа комплексна мешавина на хемикалии може да истече од третирано дрво и да ја загади почвата. Ако се допираат почви загадени со креосот, тогаш со тек на време на кожата може да се појават пликови, кора или да предизивкаат сериозно црвенило.
- Конзумирање на храна одгледувана во загадена почва
If you
grow food in contaminated soil, there is a risk that your food will also be
contaminated. Many housing developments and community garden are established in areas that
served as industrial or manufacturing areas where contaminants may be present. Many
vegetables and herbs can absorb contaminants as they grow. That puts you at
risk if you eat them. Also, vegetables and herbs can have soil dust on them.
Without proper washing, contaminants remain. Even when gardens or farms may be
located on uncontaminated soils, the immediate proximity of contaminated sites,
there exist a chance the contamination to be transferred to
Ако одгледувате храна на
загадена почва, постои ризик дека вашата храна исто така ќе биде загадена. Голем
број на урбани бавчи и градини
во урбанизирани подрачја се основани во области што се наменети за индустрија
или производство, каде што можат да бидат присутни загадувачи. Многу видови зеленчук и билки можат да апсорбираат загадувачи
додека растат. Тоа ве става во опасност ако ги јадете. Исто така, зеленчукот и
билките може да имаат прашина од почва на нив.
Без соодветно миење, загадувачите остануваат. Дури и кога градините или фармите
можат да бидат лоцирани на неконтаминирана почва, ако се во непосредната
близина до
загадени места, има можност загадувањето да се пренесе
на прехранбените производи преку ветер.
Области со посебни намени
Индустриски и
производствени области
Во индустриските и производствените места често се среќаваат низа загадувачи кои ги загадуваат почвите во овие области. Типот на загадувач ќе зависи од тоа што произведува фабриката. Загаденоста може да се појави кога хемикалиите истекуваат во почвата. Сите се опасни по човековата безбедност самостојно. Кога се комбинираат, тие можат да реагираат едни со други за да создадат уште потоксични соединенија. Одржувањето и санацијата на овие области се скапи, технички комплексни и логистички предизвикувачки.
Депонии, ѓубришта и места
за одлагање на отпад
Депониите, ѓубриштата и местата за одлагање
на отпад
претставуваат голем ризик од загадување на почвата, слично како индустриските
места. Овие области често содржат голема мешавина на различни видови
загадувачи како олово, арсен и нафтени производи. Сите се опасни по човековата
безбедност самостојно. Кога се комбинираат, тие можат да реагираат едни со
други за да создадат уште потоксични
соединенија. Одржувањето и санацијата на овие области се скапи, технички
комплексни и логистички предизвикувачки.
Автопати коридори, паркинзи, области со интензивен сообраќај
Во областите со високи концентрации на возила има голем ризик од загадување, како од емисиите така и од протекувањето на течностите. На пример, присуството на олово може да биде големо во области со тешки емисии во сообраќајот, а нафта или протекување на нафта на патиштата или паркинзите може да се апсорбираат во околните почви.
Области за домување
Областите за домување очигледно не можат да
бидат места каде има загадување на
почвата. Но, почвите можат да бидат загадени за време на изградбата на станови.
Нафтените
производи од градежните возила може да предизвикаат
истекување, а
може да се истури и боја. Сопствениците на домови
можат да користат прекумерно пестициди или хербициди кои ненамерно ја
загадуваат нивната почва.
Поранешно обработливо
земјиште кое е предходно загадено
Во Соединетите Американски Држави, во периодот помеѓу 1910 и 1950 година многу пестициди беа составени од оловен арсенат. Во тоа време истражувачите и земјоделците не знаеја дека оловото предизвикува здравствени проблеми. Како резултат на во 1950-тите години имаше голем развој и производство на хербициди. Овие хемикалии треба да се користат правилно; неправилната употреба може да им наштети на почвата, растенијата, па дури и на човековото здравје. Интензиванат употреба на вештачки ѓубрива може исто така да остави загадување во почвите, во зависност од употребените култури и ѓубрива.
Целосниот текст е достапен овде.