Стратегијата за почва за 2030 година

Искористување на придобивките од здравата почва за луѓето, храната, природата и климата

Стратегијата за почва на ЕУ за 2030 година поставува рамка и конкретни мерки за да се заштитат и обноват  почвите и да се осигура дека тие се користат одржливо. Таај поставува визија и цели за постигнување здрави почви до 2050 година, со конкретни активности до 2030 година. Исто така, најавува нов Закон за здравјето на почвите до 2023 година за да обезбедат соодветни услови за користење и високо ниво на заштита на животната средина и здравјето.

Новата стратегија за почва на ЕУ за 2030 година е клучен резултат  кој произлегува од стратегијата на ЕУ за биолошка разновидност за 2030 година. Таа ќе придонесе за  исполнување на целите на Европскиот зелен договор. Здравите почви се од суштинско значење за постигнување климатска неутралност, чиста и циркуларна економија и запирање на опустинувањето и деградацијата на земјиштето. Тие се исто така од суштинско значење за да се запре загубата на биолошката разновидност, да се обезбеди здрава храна и да се заштити здравјето на луѓето.

Целосниот текст може да го прочитате овде: https://ec.europa.eu/environment/strategy/soil-strategy_en