Општ преглед

Идентификацијата и мониторинг на загадени почви во прегкуграничниот регион се многу важни за заштита на животната средина и одржливо користење на почвата.

Проектот MCSoil главниот дел од активностите ќе ги насочи кон четири специфични зони: две во индустриски загадени области и две во заштитени подрачја од ПГР. Додадена вредност на проектот MCSoil ќе биде заедничкиот развој на нова алатка која, ќе ги подобри стандардните методологии и процедури во однос на заштита на почвата, кои се применуваат од страна на еколошките институции и локалните и регионалните власти во двете држави.

Проектот е насочен кон справување со дел од современите предизвици, поврзани со употреба на почвите, преку примена на пилот алатка, заснована на иновативни геофизички методи за економски ефективна, презицна и брза оценка на квалитетот на почвите во животната средина.

Основна предност на оваа нова методологија е нејзината викока осетливост и можност за интелигентно адаптирање на методата, според спецификите на објектот и конкретниот проблем.

Исто така, методот функционира многу побрзо и поекономично во споредба со традиционалното користење на хемиски анализи. 

Веб страната е кофинансирана од Европската Унија преку Интеррег-ИПА Програмата за прекугранична соработка CCI 2014TC16I5CB006

Facebook