
Спроведена специјализирана обука на тема „Воведување на иновативна методологија за идентификација и мониторинг на контаминирани почви и резултатите постигнати од нејзината имплементација“
Здружението „Кластер за обновливи извори на енергија“ организираше специјализирана обука на тема „Воведување на иновативна методологија за идентификација и мониторинг на загадени почви и резултатите постигнати од нејзиното спроведување“. Обуката беше спроведена во рок од три последователни дена во периодот од 18 до 20 септември 2020 година, во хотелот „Мурите“ – Разлог.
Настанот беше организиран во рамки на проектот „Идентификација и мониторинг на контаминирани почви со употреба на иновативна методологија (MCSoil)“, имплементиран од „Кластерот за обновливи извори на енергија“ – Благоевград, во партнерство со „Центарот за лековити билки и шумски плодови – Амброзија“ од Република Северна Македонија. Проектот се спроведува со финансиска поддршка на Европската унија преку програмата INTERREG-IPA CBC, CCI бр. 2014TC16I5CB006.
Специјализираната обука беше насочена кон претставници на одговорните институции за заштита на животната средина и почвата на локално и регионално ниво во Република Бугарија, еколошки организации, невладини организации, студенти и други засегнати страни. Главната цел беше воведување на иновативна методологија за идентификација и мониторинг на загадените почви бидејќи, фокусот на обуката е кон постигнатите резултати од нејзината имплементација. За време на настанот, беше извршена демонстрација на практична применливост на системот за магнетна подложност.
Во вонредна состојба над Ковид-19 прогласена во Република Бугарија, обуката беше спроведена во согласност со превентивните мерки и препораките на овластените здравствени власти, против ширењето на коронавирусот. Во таа насока, на учесниците им беа обезбедени средства за лична заштита, како што се маски за лице за една употреба, средства за дезинфекција и сл.
Повеќе информации за проектот „Идентификација и мониторинг на контаминирани почви со употреба на иновативна методологија (MCSoil)“, иницијативите за проектот и интересни новости на оваа тема, се достапни на оваа официјална веб-страница на проектот, како и на официјалната страница на Фејсбук на проект.