Проектот започна со реалзиација во јули 2019 година. Проектот е заедничка иницијатива на Кластерот за ОИЕ – Република Бугарија и Здружението Центар за лековити билки и шумски плодови „АМБРОЗИЈА“ – Република Северна Македонија и се спроведува во рамките на ИПА програмата за прекугранична соработка меѓу Република Бугарија и Република Северна Македонија 2014-2020 (CCI бр. 2014TC16I5CB006).
Проектните иницијативите на проектот се насочени кон проценка на специфичните потреби на регионот за мапирање на постојната и потенцијална контаминација на почвата. Главните активности на проектот беа насочени кон заштита на животната средина преку идентификување и мониторинг на загадените области и заштитените подрачја со употреба на иновативна методологија. Пилот алатката за собирање, обработка, анализа и презентирање на податоците во врска со почвите се заснова на иновативни геофизички методи за ефективно, сензитивно и брзо оценување на квалитетот на животната средина на почвите.
Главната предност на оваа нова методологија е нејзината висока чувствителност и можност за паметно прилагодување на методот според соодветната локација и постојниот проблем. Исто така, овој метод е многу побрз и поевтин од традиционално користената хемиска анализа.
Сето тоа придонесува за зголемување на свеста на претставниците на целните групи и другите засегнати страни за состојбата на почвените ресурси во прекуграничниот регион на Република Бугарија и Република Северна Македонија,а секако има влијание и врз подобрување на ефикасноста на управувањето со ресурсите во однос на почвите
Проектниот тим на здружението „Кластер за обновливи извори на енергија“ и Здружението Центар за лековити билки и шумски плодови „АМБРОЗИЈА“ изразуват благодарност за интересот и активната вклученост на партнерите и учесниците во иницијативите на проектот во текот на целиот период на реализација на проектот „MCSoil“.
Презентирање на резулатите од примената на иновативна методологија за идентификација и мониторинг на загадени почви
Локација: Пехчево, Северна Македонија
Благоевград, Бугарија
Датум: 09-10.10.2020
Ни претставува особено задоволство да ве поканиме на Завршната конференција од проектот Идентификација и мониторинг на контаминирани почви со користење на иновативна методологија” – MCSoil, што го реализира Здружението Амброзија од Пехчево, во партнерство со Кластерот за обновливи извори на енергија од Благоевград, со финансиска подддршка на ЕУ – Програмата за прекугранична соработка Бугарија-Северна Македонија, CCI № 2014TC16I5CB006.
На Завршната конференција ќе бидат презентирани резултатите од проектните активности и примената на иновативна методологија за мониторинг на загадени почви.
Настанот ќе се одржи на 09 и 10 октомври 2020 година со почеток во 11.00 часот во х.Гогов во Пехчево.
Заради рестриктивните мерки, учесниците од Бугарија настанот ќе го следат во истиот термин во х.Корона во Благоевград, со воспоставена онлајн комуникација меѓу двете локации.
При реализација на настанот ќе бидат запазени сите мерки за заштита од ширење и превенција од Ковид 19 кои се во сила, согласно важечката законска регулатива во Република Северна Македонија и во Република Бугарија.
Здружението „Кластер за обновливи извори на енергија“ организираше специјализирана обука на тема „Воведување на иновативна методологија за идентификација и мониторинг на загадени почви и резултатите постигнати од нејзиното спроведување“. Обуката беше спроведена во рок од три последователни дена во периодот од 18 до 20 септември 2020 година, во хотелот „Мурите“ – Разлог.
Настанот беше организиран во рамки на проектот „Идентификација и мониторинг на контаминирани почви со употреба на иновативна методологија (MCSoil)“, имплементиран од „Кластерот за обновливи извори на енергија“ – Благоевград, во партнерство со „Центарот за лековити билки и шумски плодови – Амброзија“ од Република Северна Македонија. Проектот се спроведува со финансиска поддршка на Европската унија преку програмата INTERREG-IPA CBC, CCI бр. 2014TC16I5CB006.
Специјализираната обука беше насочена кон претставници на одговорните институции за заштита на животната средина и почвата на локално и регионално ниво во Република Бугарија, еколошки организации, невладини организации, студенти и други засегнати страни. Главната цел беше воведување на иновативна методологија за идентификација и мониторинг на загадените почви бидејќи, фокусот на обуката е кон постигнатите резултати од нејзината имплементација. За време на настанот, беше извршена демонстрација на практична применливост на системот за магнетна подложност.
Во вонредна состојба над Ковид-19 прогласена во Република Бугарија, обуката беше спроведена во согласност со превентивните мерки и препораките на овластените здравствени власти, против ширењето на коронавирусот. Во таа насока, на учесниците им беа обезбедени средства за лична заштита, како што се маски за лице за една употреба, средства за дезинфекција и сл.
Повеќе информации за проектот „Идентификација и мониторинг на контаминирани почви со употреба на иновативна методологија (MCSoil)“, иницијативите за проектот и интересни новости на оваа тема, се достапни на оваа официјална веб-страница на проектот, како и на официјалната страница на Фејсбук на проект.
Покана за учество на Специјализирана обука за Иновативна метода за идентификација и мониторинг на контаминирани почви и резултати од нејзината примена
Локација: Пехчево, Северна Македонија
Датум: 24-26.09.2020
Во рамки на проектот Идентификација и мониторинг на контаминирани почви со користење на иновативна методологија” – MCSoil што го реализира Здружението Амброзија, во партнерство со Кластерот за обновливи извори на енергија, со подддршка на ЕУ – Програмата за прекугранична соработка Бугарија-Северна Македонија, ќе се одржи обука за претставување на иновативната метода за идентификација и мониторинг на контаминирани почви, како и резултатите од нејзината примена во рамки на проектните активности.
Обуката ќе се одржи во периодот од 24 до 26 септември 2020г, во х.Гогов во Пехчево.
При реализација на обуката ќе бидат запазени сите мерки за заштита од ширење и превенција од Ковид 19 кои се во сила, согласно важечката законска регулатива во Република Северна Македонија.
Потврдете го вашето учество на обуката најдоцна до 22.09.2020 со пополнување на електронската пријава на следниот линк https://forms.gle/tK8DV1WQTrV8mbi5A .
Здружение Амброзија
Пехчево
Наше задоволство е да ве поканиме да учествувате на специјализираната обука „Воведување на иновативна методологија за идентификување и мониторинг на контаминирани почви и резултатите постигнати од нејзината имплементација“. Настанот е организиран во рамките на проектот „Идентификација и мониторинг на контаминирани почви со употреба на иновативна методологија (MCSoil)“, имплементиран од „Кластерот за обновливи извори на енергија“ – Благоевград, во партнерство со „Центарот за лековити билки и шумски плодови Амброзија“ од Република Северна Македонија. Проектот се спроведува со финансиска поддршка на Европската унија преку програмата INTERREG-IPA CBC, CCI бр. 2014TC16I5CB006.
Специјализираната обука е насочена кон претставници на одговорните институции за заштита на животната средина и почвата на локално и регионално ниво во Република Бугарија, еколошки организации, невладини организации, студенти и други засегнати страни. Главната цел е воведување на иновативна методологија за идентификација и мониторинг на загадените почви бидејќи фокусот на обуката ќе биде постигнатите резултати од нејзината имплементација. За време на настанот, ќе се направи демонстрација на практичната применливост на системот за магнетна подложност.
Обуката ќе се спроведува во рок од три последователни дена во периодот од 18 до 20 септември 2020 година, со почеток во 13:00 часот во хотелот „Мурите“ – Разлог.
Во вонредна состојба над Ковид-19 прогласена во Република Бугарија, обуката ќе се спроведе во согласност со превентивните мерки и препораките на овластените здравствени власти, против ширењето на коронавирусот. Во оваа насока, на учесниците ќе им бидат обезбедени лични заштитни средства, како што се маски за лице за една употреба, средства за дезинфекција, итн. Претставниците на организаторите на настанот ќе водат сметка учесниците да одржуваат безбедно растојание едни од други, како и за редовната дезинфекција во салата.
Повеќе информации за спроведувањето на настанот, како и информации за контакт за комуникација со организаторите, се достапни во приложената покана и агенда.
Прилог:
Агенда
Почвата е комплексна мешавина на минерали, органски материи, вода и разни форми на живот. Во првобитната состојба, почвата била незгадена супстанца што ја покрива земјата. Но, луѓето намерно и/или случајно истурале штетни производи врз неа во некои области. Отпадот може да и наштети на почвата, а во некои случаи и на здравјето на луѓето, растенијата и животните.
По дефиниција, секоја супстанција во почвата што ги надминува природните нивоа и претставува ризик по здравјето на луѓето е загадувач на почвата. Како пример, арсенот природно се јавува во некои почви. Но, ако некое лице испрска со одредени пестициди во дворот, тоа може да предизвика загадување на почвата. Оловото е исто така многу опасно, но се јавува природно во некои почви. Тоа се користеше во бензинот до 1989 година и дури и денс сè уште може да се најде како загадувач во почвите.
Најголеми ризици од загадување на почвата има во урбаните области и поранешните индустриски места. Вообичаени загадувачи во градските почви вклучуваат пестициди, нафтени производи, радон, азбест, олово, хромиран бакар арсенат и креосот. Во урбаните области, загадувањето на почвата во најголем дел е предизвикано од човечки активности. Некои примери се производство, индустриски отпад, урбан развој, локално депонирање на отпад и прекумерна употреба на пестициди или ѓубрива. Тешкиот сообраќај и сообраќајот со камиони можат да загадат почвата, а исто така можат и автомобилите. Кога почвата е загадена со овие супстанции, тоа може да ја наруши природната средина.
Каде и колкаво е загадувањето на почвите во голема мерка ќе одреди како тоа загадување се шири низ одредена област. Типот на почвата исто така има улога во неговото распространување.
Постојат неколку начини на кои луѓето можат да бидат изложени на загадувачите на почвата. Најчести се:
Иако можеби звучи чудно да се јаде почва, односно да се внесе во организмот, загадувачите можат да се внесат на најразлични начини. Малите деца може да бидат особено подложни кога играат на гола почва. Загадената прашина во почвата исто така може да влијае на снабдувањето со храна. Обилно миење на прехранбените производи кои растат во земја е многу важно. Најголем ризик од внесување на почвата во организмот се случува кога почвата се остава гола. Покривањето на почвата со трева или други растенија и добра прекривка го намалува ризикот од загадување. Ако луѓето во ветровит ден јадат на отворено близу откиено тло, загадувачите можат да се најдат во воздухот на храна пред да се конзумира.
Кога се работи за открени почви, малите честички можат да станат воздушни со ветер на пример. Градежните работи или рушење, рударски активности или одредени активности во уредување на земјиштето можат да создадат прашина од почвата. Вдишувањето на загадена прашина може да предизвика физичко или хемиско оштетување на луѓето. На пример, влакна од азбест можат да ги пробијат белите дробови. Хемикалиите како што е оловото може да му наштетат на нервниот систем, вклучително и на мозокот.
Загадувачите на почва исто така може да се апсорбираат преку кожата. Креосот е вообичаен материјал што се користи за зачувување на дрвото во САД. Оваа комплексна мешавина на хемикалии може да истече од третирано дрво и да ја загади почвата. Ако се допираат почви загадени со креосот, тогаш со тек на време на кожата може да се појават пликови, кора или да предизивкаат сериозно црвенило.
If you grow food in contaminated soil, there is a risk that your food will also be contaminated. Many housing developments and community garden are established in areas that served as industrial or manufacturing areas where contaminants may be present. Many vegetables and herbs can absorb contaminants as they grow. That puts you at risk if you eat them. Also, vegetables and herbs can have soil dust on them. Without proper washing, contaminants remain. Even when gardens or farms may be located on uncontaminated soils, the immediate proximity of contaminated sites, there exist a chance the contamination to be transferred to
Ако одгледувате храна на загадена почва, постои ризик дека вашата храна исто така ќе биде загадена. Голем број на урбани бавчи и градини во урбанизирани подрачја се основани во области што се наменети за индустрија или производство, каде што можат да бидат присутни загадувачи. Многу видови зеленчук и билки можат да апсорбираат загадувачи додека растат. Тоа ве става во опасност ако ги јадете. Исто така, зеленчукот и билките може да имаат прашина од почва на нив. Без соодветно миење, загадувачите остануваат. Дури и кога градините или фармите можат да бидат лоцирани на неконтаминирана почва, ако се во непосредната близина до загадени места, има можност загадувањето да се пренесе на прехранбените производи преку ветер.
Индустриски и производствени области
Во индустриските и производствените места често се среќаваат низа загадувачи кои ги загадуваат почвите во овие области. Типот на загадувач ќе зависи од тоа што произведува фабриката. Загаденоста може да се појави кога хемикалиите истекуваат во почвата. Сите се опасни по човековата безбедност самостојно. Кога се комбинираат, тие можат да реагираат едни со други за да создадат уште потоксични соединенија. Одржувањето и санацијата на овие области се скапи, технички комплексни и логистички предизвикувачки.
Депонии, ѓубришта и места за одлагање на отпад
Депониите, ѓубриштата и местата за одлагање на отпад претставуваат голем ризик од загадување на почвата, слично како индустриските места. Овие области често содржат голема мешавина на различни видови загадувачи како олово, арсен и нафтени производи. Сите се опасни по човековата безбедност самостојно. Кога се комбинираат, тие можат да реагираат едни со други за да создадат уште потоксични соединенија. Одржувањето и санацијата на овие области се скапи, технички комплексни и логистички предизвикувачки.
Автопати коридори, паркинзи, области со интензивен сообраќај
Во областите со високи концентрации на возила има голем ризик од загадување, како од емисиите така и од протекувањето на течностите. На пример, присуството на олово може да биде големо во области со тешки емисии во сообраќајот, а нафта или протекување на нафта на патиштата или паркинзите може да се апсорбираат во околните почви.
Области за домување
Областите за домување очигледно не можат да бидат места каде има загадување на почвата. Но, почвите можат да бидат загадени за време на изградбата на станови. Нафтените производи од градежните возила може да предизвикаат истекување, а може да се истури и боја. Сопствениците на домови можат да користат прекумерно пестициди или хербициди кои ненамерно ја загадуваат нивната почва.
Поранешно обработливо земјиште кое е предходно загадено
Во Соединетите Американски Држави, во периодот помеѓу 1910 и 1950 година многу пестициди беа составени од оловен арсенат. Во тоа време истражувачите и земјоделците не знаеја дека оловото предизвикува здравствени проблеми. Како резултат на во 1950-тите години имаше голем развој и производство на хербициди. Овие хемикалии треба да се користат правилно; неправилната употреба може да им наштети на почвата, растенијата, па дури и на човековото здравје. Интензиванат употреба на вештачки ѓубрива може исто така да остави загадување во почвите, во зависност од употребените култури и ѓубрива.
Целосниот текст е достапен овде.
Во рамки на проектот „Идентификација и мониторинг на загадени почви со употреба на иновативна методологија“ (MCSoil), кој го спроведува здружението Амброзија во партнерство со Кластерот за обновливи извори на енергија, подготвен е извештај за состојбата за прекуграничната област во Република Северна Македонија, кој е направен врз основа на релеванти податоци за за состојбата со геодиверзитетот и геонаследството на источниот дел на Република Северна Македонија, педологија, како основа и научна база за понатамошните истражувања, како и анализа на геолошки и хидрографски податоци и социо-економски карактеристики на подрачјето. Основната цел на извештајот за анализа е да детектира соодветни места за спроведување на иновативната методологија за идентификација и мониторинг на загадена почва преку вредности на магнетна подложност.
Извештајот е изработен врз основа на теоретски, статистички и емпириски податоци, чија цел е да се анализираат и да се определат две специфични области од прекуграничниот регион на Република Северна Македонија, каде ќе се направат истражувања и ќе биде развиена и спроведена новата методологија за проценка на состојбата на почвата. За да се заштити и да се сочува еколошката рамка, една од локациите треба да биде во загадено подрачје,а друга локација, да биде чиста еколошка средина. Двете специфични локации се територијата околу старото хидројаловиште на рудникот Злетово во Пробиштип како загадено подрачје и Плоче Липотелми како природен резерват односно заштитено подрачје.
Присуството на тешки метали во почвите е сериозен еколошки проблем што директно влијае врз здравјето на луѓето и животот и може да биде резултат на различни фактори. Како резултат на направената анализа и со оглед фактот што старото хидојаловиште во Пробиштип од експертите постојано е оценувано како втора по значење еколошка закана во државата, оваа локација е соодветна да се користи како тест-локација за развој на новиот методолошки пристап.
Извештајот е фундамент од каде што треба да се идентификуваат објектите од интерес за заштита на природата, некои треба да се преиспитаат така што ќе се оформи дефинитивна слика на релевантните објекти и територии од интерес за заштита на природата во источниот дел на Република Северна Македонија.
Целосниот текст на извештајот е достапен овде.
Дополнувањето и заштитата на светските резерви на јаглерод во почвата може да помогне да се компензираат до 5,5 милијарди тони стакленички гасови секоја година, се наведува во студијата.
Ова е нешто под сегашните годишни емисии на САД, вториот по големина загадувач во светот по Кина. Околу 40% од овој потенцијал за неутрализирање на јаглерод ќе потекнува од заштита на постојните складишта на почвен јаглерод во шумите, тресетските земји и мочуриштата во светот, велат авторите. Во многу делови на светот, ваквите „природни климатски решенија“ базирани на почвата би можеле да бидат со придобивки за животинскиот свет, производство на храна и задржување на водата, раскажува главниот автор за „Carbon Brief“.
Важност
Најгорната површина на светските почви содржи три пати повеќе јаглерод од целата атмосфера, што ги прави главни складишта на јаглерод покрај шумите и океаните. Почвите играат клучна улога во циклусот на јаглерод, со впивање на јаглерод од мртва растителна материја. Растенијата апсорбираат CO2 од атмосферата преку фотосинтеза и ова се пренесува во земјата кога мртвите корени и лисјата се распаѓаат. Но, човечката активност, особено земјоделството, може да предизвика испуштање на јаглерод од почвата со поголема брзина отколку што се заменува. Малку земји бележат податоци за загуба на почвениот јаглерод директно од земјоделството, според најновиот извештај на Меѓувладината комисија за климатски промени, што го отежнува разбирањето на степенот до кој загубите на јаглерод во почвата придонесуваат за климатските промени. Новата анализа, објавена во „Одржливост на природата“, разгледува како заштитата и надополнувањето на почвите – како во земјоделските, така и во природните предели – би можеле да помогнат во борбата против затоплувањето. Ако се покаже дека, со техниките за подобрување на складирањето на почвениот јаглерод кои би се активирале на максимално претпоставено ниво низ целиот свет, тие може да отстранат до 5,5 милијарди тони CO2e годишно.
Пресментка на јаглеродот
Анализата, авторите ја засноваат на претходна студија која го разгледувала глобалниот потенцијал за отстранување на стакленички гасови на сите „природни климатски решенија“. Терминот се користи за да се опишат низа техники на негативни емисии кои имаат за цел да ја зајакнат можноста на природните екосистеми да го отстранат CO2 од атмосферата. Истражувањето открива дека четвртина од сите способности за отстранување на стакленички гасови на природни климатски решенија потекнуваат од техники засновани на почва, како што се заштита и обновување на шумски почви, тресетишта и мочуришта.
На графиконот подолу е прикажан потенцијалот за отстранување на стакленички гасови на различни природни климатски решенија засновани на почва. Бројките се прикажани во милијарди тони CO2е годишно.
Истражувањето покажува дека најголемиот потенцијал за отстранување на стакленички гасови доаѓа од заштита на постојните шуми и пошумување. Оваа техника би можела да надомести 1,2 милијарди тони СО2е годишно, кога ќе се земе предвид само шумскиот почвен јаглерод.
Почвите од шумите се светски важно складиште за јаглерод. Тие можат да бидат особено богати со јаглерод, бидејќи апсорбираат голема густина на мртва растителна материја. Шумските почви исто така играат значајна улога во апсорпцијата на метанот. Друга техника на почвата со голем потенцијал е „биохар“, според истражувањето. Biochar е јаглен богат со јаглерод кој, кога ќе се распрска на земја, може да го зачува складирањето на јаглерод во почвата.
Тресетиштата претставуваат јаглеродни густи средини опкружени со делумно распаѓање на органска материја. Тие покриваат само 3% од светската површина, но содржат до третина од јаглеродот во почвата. Реставрацијата на мочуриштата исто така може да има важна улога во отстранувањето на стакленичките гасови од атмосферата, според истражувањето. Како морската трева, така и мочуриштата содржат почвен јаглерод богат со вода. Една неодамнешна студија покажа дека мочуриштата на Амазон се двојно побогати со јаглерод од дождовните шуми во истиата област, спреку почвите што го чуваат поголемиот дел од овој јаглерод
Ко-придобивки и трошоци
Студијата исто така ги истражува веројатните трошоци и придобивките од секое решение за природна клима засновано на почвата.
Графиконот подолу го покажува процентот на отстранување на CO2e за секоја техника што би била со ниска цена (црна), економична (сива) и во моментов не е економична (бела). Техниките се групирани во три категории: шуми (горе), земјоделство и пасишта (средина) и мочуришта (долу). Ознаките во боја означуваат дали е веројатно дека техниката има ко-придобивки за воздухот (жолтa), биолошката разновидност (зеленa), водата (синa) и храната (црвенa).
На графиконот е прикажано како со избегннување на деградацијата на шумите, тресетиштата и мочуриштата би бил најевтиниот начин за намалување на емисијата на стакленички гасови на глобално ниво.
Сепак, вреди да се напомене дека екосистемите сè уште се соочуваат со големи закани во многу делови на светот. На пример, неодамнешните сателитски податоци покажуваат дека уништувањето на шумите во Амазон би можело да достигне рекордно високо ниво во 2020 година. Во меѓувреме, најголемото тропско земјиште на светот е загрозено со планот за вадење на нафта.
Целосниот текст е достапен на: https://www.carbonbrief.org/restoring-soils-could-remove-up-to-5-5bn-tonnes-of-greenhouse-gases-every-year