Archives 2020

За Центар Амброзиja

Здружението Центар  за лековити билки и шумски плодови  АМБРОЗИЈА  е     активно  на полето на прашања поврзани со животната средина,  рурален развој и поттикнувањето на младинскиот активизам од  2004 година.

МИСИЈА на Здружението е да придонесе кон подобрување на квалитетот  на живеење    преку активности  насочени кон поддршка на руралниот развој, заштита на животната    средина, едукација на граѓаните за правилно искористување на природните ресурси,  промоција на младиски активизам.

Главни ЦЕЛИ на Амброзија се: залагање за примена на принципите за одржлив развој и  едукација за одржливо користење на природните ресурси,како и едукација за основните вредности на демократското општество; Превземење на конкретни активности за поддршка на руралниот развој, промоција на традиционалните вредности и занаети, промоција на еко туризам во прилог на развој на поширокиот регион; Исто така и грижа за животната средина и залагање за истражување и примена на алтернативни и обновливи извори на енергија, преку соработка со слични организации од Северна Македноја и странство.

 Во Здружението Центар за лековити билки и шумски плодови АМБРОЗИЈА  членуваат   експерти со долгогодишно искуство во имплементација на проекти и активности на    локално, национално и меѓународно ниво, како и млади луѓе кои се заинтересирани за   сопствен придонес во подобрување на условите за живеење во заедницата. Членовите на АМБРОЗИЈА имаат активно учество во подготовката на стратешки документи во областа на одржлив развој, заштита на животната средина и демократски процеси на локално ниво и поширокиот регион. Здружението е дел од Локалната Акциона Група -ЛАГ Малеш-Пијанец.

За ОИЕ

За Кластер ОИЕ

КЛАСТЕРОТ ЗА ОБНОВЛИВИ ИЗВОРИ НА ЕНЕРГИЈА (ОИЕ) е основан на 12.05.2010 година во градот Благоевград. Кластерот за ОИЕ ОБЕДИНУВА претставници на деловниот и невладиниот сектор во областа на обновливите извори на енергија и ЕЕ, како и научни групи.

Главната ВИЗИЈА за развој на кластерот за ОИЕ  е насочена кон постигнување услови за одржлив развој за производство на чиста енергија и негово ефикасно управување и потрошувачка во Република Бугарија. Во одржување на политиките на Европската унија за заштитата на животната средина, транзицијата кон зелена економија и намалувањето на минимум на климатските ризици, во однос на националните приоритети и новите регулаторни побарувања во секторот за енергетика на Република Бугарија, КОИЕ го охрабрува развојот и воведувањето на иновации во секторот ОИЕ и ЕЕ.

Главната МИСИЈА на КОИЕ е целосна употреба на обновливите извори на енергија на регионално и национално ниво, како и постигнување на одржлив социо-економски развој на регионите преку ефективна интеракција и соработка помеѓу различни организации.

Конкурентните предности на  Кластерот за ОИЕ се засновани како на долгогодишно искуство на неговите членови во производство на енергија од ОИЕ, така и на традициите во производството на машини и специјализирана опрема за енергетската индустрија, комплетен инженеринг и изградба на инсталации за производство на енергија од ОИЕ.

Главните ЦЕЛИ на КОИЕ се:

Спроведување на соработка помеѓу компаниите, невладините организации и научните групи за поддршка на продуктивен и технолошки развој на малите и средни претпријатија од областа на ОИЕ.

Поддршка за иницијативата за претприемништво за воспоставување и примена на нови производи и технологии од областа на ОИЕ.

Подобрување на квалификацијата и преквалификација на раководителите, експертите и вработените назначени во компаниите-членки на Кластерот.

Соработка помеѓу компаниите поврзани со маркетинг, технологии, информативните услуги и јавни работи, од заеднички интерес за сите членови на кластерот.

Обезбедување на информации за поддршка и помош на компаниите-членки на Кластерот за учество во заеднички програми и проекти во согласност со барањата на националните и европските оперативни програми и фондови.

Организирање на соработка помеѓу компаниите-членки на Кластерот и спроведување на меѓународна соработка со слични организации Придружување во напорите на компаниите-членки за производство на електрична енергија ОИЕ за договори и склучување зделки и давање поддршка за развој на иновативни производи, процеси и технологии во секторот ОИЕ.

 

Веб страната е кофинансирана од Европската Унија преку Интеррег – ИПА Програмата за прекугранична соработка CCI 2014TC16I5CB006

ПРОЕКТ „ИДЕНТИФИКАЦИЈА И МОНИТОРИНГ НА КОНТАМИНИРАНИ ПОЧВИ СО КОРИСТЕЊЕ НА ИНОВАТИВНА МЕТОДОЛОГИЈА“ с акроним “MCSoil”

ПРОЕКТ „ИДЕНТИФИКАЦИЈА И МОНИТОРИНГ НА КОНТАМИНИРАНИ ПОЧВИ СО КОРИСТЕЊЕ НА ИНОВАТИВНА МЕТОДОЛОГИЈА“ со акроним “MCSoil”

 

Референтен №: CB006.2.11.021

ВОДЕЧКИ ПАРТНЕР: КЛАСТЕР ОБНОВЛИВИ ИЗВОРИ НА ЕНЕРГИЈА

ПРОЕКТЕН ПАРТНЕР: ЦЕНТАР ЗА ЛЕКОВИТИ БИЛКИ И ШУМСКИ ПЛОДОВИ АМБРОЗИЈА

ВРЕМЕТРАЕЊЕ: 15 месеци (jули 2019 – октомври 2020)

ФИНАНСИРАЧКА ОРГАНИЗАЦИJA: Интеррег-ИПА прекуграничната програма Бугарија – Македонија  2014-2020, CCI No 2014TC16I5CB006

ПРИОРИТЕТНА ОСКА 1: Животна средина

СПЕЦИФИЧНА ЦЕЛ 1.1: Заштита на животната средина и одржливо користење на заедничките природни ресурси во прегуграничната област

ВКУПЕН БУЏЕТ: 113 861.00 EUR

ЦЕЛНИ ГРУПИ:

  • Приватни и други истражувачи од прекуграничниот регион, вклучувајќи консултанти, наставници, научници, професори, студенти итн.
  • Локалните власти од прекуграничниот регион, односно општините, регионалните власти, итн.
  • НВОи активни во областа на заштитата на животната средина.
  • Државни институции одговорни за регионален развој и заштита на животната средина.

ОСНОВНИ ЦЕЛИ:

Проектот е насочен директно да се проценат специфичните потреби на регионот за мапирање на постојното и потенцијалното загадување на почвата и да се подигне свеста за состојбата со ресурсите на почвата во Република Бугарија и Република Северна Македонија, како и да се влијае на подобрување на ефикасноста на управувањето со ресурсите во однос на на почвата. Главната цел на проектот е да се спроведе скрининг на животната средина и следење на почвата со примена на иновативна методологија.

АКТИВНОСТИ НА ПРОЕКТОТ:

  • Проектни активности за управување и координација;
  • Активности за комуникација и дисеминација на информации за проектот;
  • Пилот концепт за избор на  конкретни локации, поставување на места за тестирање и планирање на мрежата за скрининг на почвата, во согласност со специфичните потреби на регионот;
  • Градење на капацитети и имплементација на пилот-алатки за еколошко испитување и следење на почвите со иновативна методологија;
  • Потврдување на методологијата за скрининг на загадување на почвата, која се состои од независни хемиски анализи на одбрани примероци од локациите кои се испитуваат, изработка на тематски карти, геостатистичка и просторна анализа на податоците;
  • Завршна конференција за дисеминација на резултатите од проектот во Република Северна Македонија.

РЕЗУЛТАТИ ОД ПРОЕКТОТ:

  • Спроведена детална проценка на специфичните потреби на регионот за мапирање на постојната и потенцијалната контаминација на почвата;
  • Подобрена ефикасност во управувањето со ресурсите во однос на почвата и зголемени можности за флексибилен мониторинг на животната средина во програмсата област, базиран на предложениот иновативен пристап за еколошко испитување и следење на почвите;
  • Зајакната институционална соработка меѓу невладините организации, академските организации и јавните власти (локални, регионални и национални) во прекуграничниот регион на Република Бугарија и Република Македонија како заедничка платформа за ширење на знаења и зајакнување на капацитетите и вештините на институциите кои се занимаваат со скрининг на животната средина и мониторинг;
  • Зголемена свест за состојбата со ресурсите на почвата во земјите-партнери постигнати преку проценка на специфичните потреби на регионот во однос на загадувањето на почвата и детално проучување на две “чувствителни” области од заедничкиот прекуграничен регион – две загадени индустриски региони (термоцентрала “Бобов дол” и регионот на Пробиштип-Злетово) и две природни заштитени зони  “Чослево блато” – Република Бугарија и “Плоче” (локалитет Плоче-Литотелем) – Република Северна Македонија.

Веб страната е кофинансирана од Европската Унија преку Интеррег – ИПА Програмата за прекугранична соработка CCI 2014TC16I5CB006

Facebook