
Извештај на Меѓувладин панел за климатски промени (МПКП)
Извештај на Меѓувладин панел за климатски промени (МПКП)
Во извештајот на IPCC/ МПКП (Меѓувладин панел за климатски промени) кој е насочен кон корисење на почвата, климатските промени и безбедноста на храната се вели дека производството на храна мора да се промени.
Сеопфатниот извештај открива дека интензивирањето на земјоделството доведува до намалување квалитетот на составот на земјиштето, уништувањето на шумите и загубата на биолошката разновидност. Во извештајот се повикуваат владите итно да ги насочат приоритетите кон практиките на зелено земјоделство и да спроведат системи како што се земјоделското шумарство.
Доброто управување со почвата го прифаќа јаглеродот од атмосферата и помага да се намали влијанието на поплавите и сушите. Климатските промени се очекува да ги намалат приносите на земјоделските култури и да ги зголемат цените на храната
Околу една четвртина од површината на Земјата непокриена со мраз, е изложена на деградација предизвикана од човекот. Ерозијата на почвата од земјоделските полиња се проценува дека во моментов е од 10 до 20 пати (кај необработливите) до повеќе од 100 пати (кај конвенционално обработливите површини) поголема од стапката на формирање на почвата. Климатските промени ја влошуваат деградацијата на земјиштето, особено во крајбрежните области, делтите на реките, сувите подрачја и во подрачјата под вечен лед.
Во извештајот се дадени препораки за решавање на овие проблеми.
Целосната верзија на извештајот е достапна на следниот линк https://www.ipcc.ch/site/assets/uploads/2019/08/4.-SPM_Approved_Microsite_FINAL.pdf
Меѓувладиниот панел за климатски промени (МПКП) е меѓувладино тело на Обединетите нации што има задача на светот да му обезбеди објективни, научни информации релевантни за да се разбере врз научна основа ризикот од климатски промени предизвикани од човекот, нивните природни, политички, економски влијанија и ризици и можни опции за одговор. МПКП е основано во 1988 година од страна на Светската метеоролошка организација (СМО) и Програмата за животна средина на Обединетите нации (УНЕП). Членството е отворено за сите членки на СМО и ООН. МПКП продуцира извештаи кои придонесуваат за работата на Рамковната конвенција на Обединетите нации за климатски промени (UNFCCC), главниот меѓународен договор за климатските промени. Целта на UNFCCC е „стабилизирање на концентрациите на стакленички гасови во атмосферата на ниво што би спречило опасно антропогено (човечко-предизвикано) мешање во климатскиот систем“. Извештаите на МПКП опфаќаат „научни, технички и социо-економски информации релевантни за разбирање на научната основа на ризикот од климатските промени предизвикани од човекот, нејзините потенцијални влијанија и опциите за адаптација и ублажување“.
Веб страната е кофинансирана од Европската Унија преку Интеррег – ИПА Програмата за прекугранична соработка CCI 2014TC16I5CB006
Оваа веб-страница е направена со помош на Европската Унија преку Интеррег – ИПА Програмата за прекугранична соработка CCI No 2014TC16I5CB006. Содржината на публикацијата е одговорност единствено на Здружение Кластер за обновливи извори на енергија и на никаков начин не треба да се толкува како став на Европската Унија, државите учеснички или на Управувачкиот орган на Програмата.
