Category Проекти_МК

За ОИЕ

За Кластер ОИЕ

КЛАСТЕРОТ ЗА ОБНОВЛИВИ ИЗВОРИ НА ЕНЕРГИЈА (ОИЕ) е основан на 12.05.2010 година во градот Благоевград. Кластерот за ОИЕ ОБЕДИНУВА претставници на деловниот и невладиниот сектор во областа на обновливите извори на енергија и ЕЕ, како и научни групи.

Главната ВИЗИЈА за развој на кластерот за ОИЕ  е насочена кон постигнување услови за одржлив развој за производство на чиста енергија и негово ефикасно управување и потрошувачка во Република Бугарија. Во одржување на политиките на Европската унија за заштитата на животната средина, транзицијата кон зелена економија и намалувањето на минимум на климатските ризици, во однос на националните приоритети и новите регулаторни побарувања во секторот за енергетика на Република Бугарија, КОИЕ го охрабрува развојот и воведувањето на иновации во секторот ОИЕ и ЕЕ.

Главната МИСИЈА на КОИЕ е целосна употреба на обновливите извори на енергија на регионално и национално ниво, како и постигнување на одржлив социо-економски развој на регионите преку ефективна интеракција и соработка помеѓу различни организации.

Конкурентните предности на  Кластерот за ОИЕ се засновани како на долгогодишно искуство на неговите членови во производство на енергија од ОИЕ, така и на традициите во производството на машини и специјализирана опрема за енергетската индустрија, комплетен инженеринг и изградба на инсталации за производство на енергија од ОИЕ.

Главните ЦЕЛИ на КОИЕ се:

Спроведување на соработка помеѓу компаниите, невладините организации и научните групи за поддршка на продуктивен и технолошки развој на малите и средни претпријатија од областа на ОИЕ.

Поддршка за иницијативата за претприемништво за воспоставување и примена на нови производи и технологии од областа на ОИЕ.

Подобрување на квалификацијата и преквалификација на раководителите, експертите и вработените назначени во компаниите-членки на Кластерот.

Соработка помеѓу компаниите поврзани со маркетинг, технологии, информативните услуги и јавни работи, од заеднички интерес за сите членови на кластерот.

Обезбедување на информации за поддршка и помош на компаниите-членки на Кластерот за учество во заеднички програми и проекти во согласност со барањата на националните и европските оперативни програми и фондови.

Организирање на соработка помеѓу компаниите-членки на Кластерот и спроведување на меѓународна соработка со слични организации Придружување во напорите на компаниите-членки за производство на електрична енергија ОИЕ за договори и склучување зделки и давање поддршка за развој на иновативни производи, процеси и технологии во секторот ОИЕ.

 

Веб страната е кофинансирана од Европската Унија преку Интеррег – ИПА Програмата за прекугранична соработка CCI 2014TC16I5CB006

ПРОЕКТ „ИДЕНТИФИКАЦИЈА И МОНИТОРИНГ НА КОНТАМИНИРАНИ ПОЧВИ СО КОРИСТЕЊЕ НА ИНОВАТИВНА МЕТОДОЛОГИЈА“ с акроним “MCSoil”

ПРОЕКТ „ИДЕНТИФИКАЦИЈА И МОНИТОРИНГ НА КОНТАМИНИРАНИ ПОЧВИ СО КОРИСТЕЊЕ НА ИНОВАТИВНА МЕТОДОЛОГИЈА“ со акроним “MCSoil”

 

Референтен №: CB006.2.11.021

ВОДЕЧКИ ПАРТНЕР: КЛАСТЕР ОБНОВЛИВИ ИЗВОРИ НА ЕНЕРГИЈА

ПРОЕКТЕН ПАРТНЕР: ЦЕНТАР ЗА ЛЕКОВИТИ БИЛКИ И ШУМСКИ ПЛОДОВИ АМБРОЗИЈА

ВРЕМЕТРАЕЊЕ: 15 месеци (jули 2019 – октомври 2020)

ФИНАНСИРАЧКА ОРГАНИЗАЦИJA: Интеррег-ИПА прекуграничната програма Бугарија – Македонија  2014-2020, CCI No 2014TC16I5CB006

ПРИОРИТЕТНА ОСКА 1: Животна средина

СПЕЦИФИЧНА ЦЕЛ 1.1: Заштита на животната средина и одржливо користење на заедничките природни ресурси во прегуграничната област

ВКУПЕН БУЏЕТ: 113 861.00 EUR

ЦЕЛНИ ГРУПИ:

  • Приватни и други истражувачи од прекуграничниот регион, вклучувајќи консултанти, наставници, научници, професори, студенти итн.
  • Локалните власти од прекуграничниот регион, односно општините, регионалните власти, итн.
  • НВОи активни во областа на заштитата на животната средина.
  • Државни институции одговорни за регионален развој и заштита на животната средина.

ОСНОВНИ ЦЕЛИ:

Проектот е насочен директно да се проценат специфичните потреби на регионот за мапирање на постојното и потенцијалното загадување на почвата и да се подигне свеста за состојбата со ресурсите на почвата во Република Бугарија и Република Северна Македонија, како и да се влијае на подобрување на ефикасноста на управувањето со ресурсите во однос на на почвата. Главната цел на проектот е да се спроведе скрининг на животната средина и следење на почвата со примена на иновативна методологија.

АКТИВНОСТИ НА ПРОЕКТОТ:

  • Проектни активности за управување и координација;
  • Активности за комуникација и дисеминација на информации за проектот;
  • Пилот концепт за избор на  конкретни локации, поставување на места за тестирање и планирање на мрежата за скрининг на почвата, во согласност со специфичните потреби на регионот;
  • Градење на капацитети и имплементација на пилот-алатки за еколошко испитување и следење на почвите со иновативна методологија;
  • Потврдување на методологијата за скрининг на загадување на почвата, која се состои од независни хемиски анализи на одбрани примероци од локациите кои се испитуваат, изработка на тематски карти, геостатистичка и просторна анализа на податоците;
  • Завршна конференција за дисеминација на резултатите од проектот во Република Северна Македонија.

РЕЗУЛТАТИ ОД ПРОЕКТОТ:

  • Спроведена детална проценка на специфичните потреби на регионот за мапирање на постојната и потенцијалната контаминација на почвата;
  • Подобрена ефикасност во управувањето со ресурсите во однос на почвата и зголемени можности за флексибилен мониторинг на животната средина во програмсата област, базиран на предложениот иновативен пристап за еколошко испитување и следење на почвите;
  • Зајакната институционална соработка меѓу невладините организации, академските организации и јавните власти (локални, регионални и национални) во прекуграничниот регион на Република Бугарија и Република Македонија како заедничка платформа за ширење на знаења и зајакнување на капацитетите и вештините на институциите кои се занимаваат со скрининг на животната средина и мониторинг;
  • Зголемена свест за состојбата со ресурсите на почвата во земјите-партнери постигнати преку проценка на специфичните потреби на регионот во однос на загадувањето на почвата и детално проучување на две “чувствителни” области од заедничкиот прекуграничен регион – две загадени индустриски региони (термоцентрала “Бобов дол” и регионот на Пробиштип-Злетово) и две природни заштитени зони  “Чослево блато” – Република Бугарија и “Плоче” (локалитет Плоче-Литотелем) – Република Северна Македонија.

Веб страната е кофинансирана од Европската Унија преку Интеррег – ИПА Програмата за прекугранична соработка CCI 2014TC16I5CB006

Facebook