
Насоки за скрининг на магнетна подложност на загадените почви
Како дел од активностите на проектот „Идентификација и мониторинг на загадени почви со употреба на иновативна методологија“, со акроним MCSoil, изготвени се насоки за скрининг на магнетна подложност за развој и имплементација на нова методологија за идентификација и следење на загадените почви. Главната цел на извештајот е да се подготват детални насоки за скрининг на магнетна подложност што ќе се користат како основа за развој на иновативна методологија за идентификација и следење на загадените почви. Тестирањето и мониторингот на почвата ќе се изврши со помош на специјализирана и современа опрема, наменета за брзо, сигурно и економично проценување на магнетната подложност. Насоките се обработени во согласност со природните услови на почвата во двата региона. Тие ќе ја опишаат точната методологија што ќе се користи за проценка на загадувањето. Оваа методологија строго ќе се следи за време на мерењата на магнетната подложност на почвите во избраните области. Четирите области во прекуграничниот регион, кои беа селктирани како погодни за примена на иновативната методологија, беа дефинирани врз основа на наодите во извештајот за проценка на земјата, изработен во рамките на проектот. Овие насоки претставуваат стратешки план кој ги дефинира целите и посакуваните исходи и ги вклучува главните чекори потребни за постигнување на истиот.
Целиот текст на Насоките е достапен овде.