Archives 2021

Потпишан меморандум за соработка меѓу Здружението Амброзија и Универзитот Гоце Делчев Штип

Врз основа на активностите и мерките за одржливост на резултатите од проектот дефинирани во Планот за  долгорочен  мониторинг во прекуграничниот регион на Република Северна Македонија, кој беше изработен во рамки на проектот „Идентификација и мониторинг на контаминирани со користење на иновативна методологија (MCSoil)“. № CB006.1.11.023, во јули 2021 година Здружението Амброзија и Универзитетот Гоце Делчев Штип потпишаа Меморандум за соработка.

Во меморандумот се дефинирани партнерска соработка и взаемната поддршка од двете страни за вршење на редовен мониторинг на дефинираните области, Здружението Амброзија ја обезбедува опремата набавена во рамките на проектот. а Универзитетот Гоце Делчев Штип обезбедува експертиза за спроведување на активностите за мониторинг. Периодично ќе се спроведува мониторинг во одредените области од Источниот и Југоисточниот плански регион во прекуграничната област на Република Северна Македонија, во кој активно ќе бидат вклучени и студентите од Универзитетот.

Здружението Амброзија учествуваше на Националната Конференција за клима

Претставници на Здружението Амброзија учествуваа на Националната конференција за клима која се одржа од 29 март до 9 април 2021 година онлајн на платформата zoom. Во рамки на конференцијата, на 5 април се одржа работилница за одредување приоритети за спроведување на Зелената агенда за западен Балкан за секторите биодиверзитет и намалување на загадувањето на воздух, вода и почви.

На работилницата, која имаше интерактивен карактер, од страна на претседателот на Здружението Амброзија, Јасминка Пашалиска-Андоновска, со учесниците беа споделени резултатите  од .проектот „Идентификација и мониторинг на загадени почви со употреба на иновативна методологија“ (MCSoil), како и долгорочниот план за мониторинг на состојабата во прекуграничната област во Република Северна Македонија.  

Примената на оваа методологија за следење на содржината на тешки метали во горниот слој на почвата, е алатка која ќе допринесе за  контрола на локалните заедници врз активностите на владините институции кои се одговорни за заштита и контрола на квалитетот на животната средина.

Претставниците на Здружението Амброзија исто така дадоа придонес во дефинирање на приоритетите за за спроведувањето на Зелената агенда за западен Балкан, особено во секторот загадување на почвите, што ќе биде од исклучително значење во следниот период.

Како да ги ублажиме последиците од климатските промени и колку е важно тие да бидат дел од политиките и активностите во сите сектори, беа темите на кои се дискутираше во рамки на Националната конференција за клима, која беше организирана од страна на Еко Свест и CNVP и Движење на екологистите, со финансиска поддршка од Европската Унија.

Facebook