Започна спроведуваньето на проект “Идентификациja и мониторинг на контаминирани почви преку користенье на иновативна методологиja” 

Во јули 2019 гoдина започна реализацијата на проектот “Идентификациja и мониторинг на контаминирани почви преку користенье на иновативна методологиja”, со акронимот MCSoil.

Проектот е заедничка иницијатива на здружението „Kластерот за обновливи извори на енергиja“ од Република Бугарија и здружението „Амброзиja“ от Република Северна Македониja, спроведена во рамките на Бугарско-македонската програма за прекугранична соработка, кофинансирана од Инструментот за претпристапна помош (CCI 2014TC16I5CB006).

Имплементацијата на проектот ќе заврши во рок од 15 месеци помеѓу јули 2019 и октомври 2020 година. Целните групи на проектот се поделени во три главни области: организации за истражување на животната средина, национални и регионални/локални власти одговорни за следење и конзервација на почвата и општата јавност.

Проектот е насочен директно да се проценат специфичните потреби на регионот за мапирање на постојното и потенцијалното загадување на почвата и да се подигне свеста за состојбата со ресурсите на почвата во Република Бугарија и Република Северна Македонија, како и да се влијае на подобрување на ефикасноста на управувањето со ресурсите во однос на на почвата. Главната цел на проектот е да се спроведе скрининг на животната средина и следење на почвата со примена на иновативна методологија.

Како резултат на проектот, ќе се направи проценка за моменталната состојба и специфичните потреби на регионот во однос на постојното и потенцијалното загадување на почвата.

Ова ќе придонесе за подигнување на свеста и знаењето на претставниците на целните групи и заинтересираните страни на проектот во однос на состојбата со ресурсите на почвата во пограничниот регион на Република Бугарија и Република Северна Македонија, како и подобрување на ефикасноста во управувањето со ресурсите на почвата.

Веб страната е кофинансирана од Европската Унија преку Интеррег-ИПА Програмата за прекугранична соработка CCI 2014TC16I5CB006

Facebook