Проектот „Идентификација и мониторинг на контаминирани почви со употреба на иновативна методологија“ – MCSoil е во последната фаза на имплементација

Проектот започна со реалзиација во јули 2019 година. Проектот е заедничка иницијатива на Кластерот за ОИЕ – Република Бугарија и Здружението Центар за лековити билки и шумски плодови „АМБРОЗИЈА“ – Република Северна Македонија и се спроведува во рамките на ИПА програмата за прекугранична соработка меѓу Република Бугарија и Република Северна Македонија 2014-2020 (CCI бр. 2014TC16I5CB006).

Проектните иницијативите на проектот се насочени кон проценка на специфичните потреби на регионот за мапирање на постојната и потенцијална контаминација на почвата. Главните активности на проектот беа насочени кон заштита на животната средина преку идентификување и мониторинг  на загадените области и заштитените подрачја со употреба на иновативна методологија. Пилот алатката за собирање, обработка, анализа и презентирање на податоците во врска со почвите се заснова на иновативни геофизички методи за ефективно, сензитивно и брзо оценување на квалитетот на животната средина на почвите.

Главната предност на оваа нова методологија е нејзината висока чувствителност и можност за паметно прилагодување на методот според соодветната локација и постојниот проблем. Исто така, овој метод е многу побрз и поевтин од традиционално користената хемиска анализа.

Сето тоа придонесува за зголемување на свеста на претставниците на целните групи и другите засегнати страни за состојбата на почвените ресурси во прекуграничниот регион на Република Бугарија и Република Северна Македонија,а секако  има влијание и  врз подобрување на ефикасноста на управувањето со ресурсите во однос на почвите

Проектниот тим на здружението „Кластер за обновливи извори на енергија“ и Здружението Центар за лековити билки и шумски плодови „АМБРОЗИЈА“ изразуват благодарност за интересот и активната вклученост на партнерите и учесниците во иницијативите на проектот во текот на целиот период на реализација на проектот „MCSoil“.