Извештај за Источниот дел (погранична област) на Република Северна Македониjа
Во рамки на проектот „Идентификација и мониторинг на загадени почви со употреба на иновативна методологија“ (MCSoil), кој го спроведува здружението Амброзија во партнерство со Кластерот за обновливи извори на енергија, подготвен е извештај за состојбата за прекуграничната област во Република Северна Македонија, кој е направен врз основа на релеванти податоци за за состојбата со геодиверзитетот и геонаследството на источниот дел на Република Северна Македонија, педологија, како основа и научна база за понатамошните истражувања, како и анализа на геолошки и хидрографски податоци и социо-економски карактеристики на подрачјето. Основната цел на извештајот за анализа е да детектира соодветни места за спроведување на иновативната методологија за идентификација и мониторинг на загадена почва преку вредности на магнетна подложност.
Извештајот е изработен врз основа на теоретски, статистички и емпириски податоци, чија цел е да се анализираат и да се определат две специфични области од прекуграничниот регион на Република Северна Македонија, каде ќе се направат истражувања и ќе биде развиена и спроведена новата методологија за проценка на состојбата на почвата. За да се заштити и да се сочува еколошката рамка, една од локациите треба да биде во загадено подрачје,а друга локација, да биде чиста еколошка средина. Двете специфични локации се територијата околу старото хидројаловиште на рудникот Злетово во Пробиштип како загадено подрачје и Плоче Липотелми како природен резерват односно заштитено подрачје.
Присуството на тешки метали во почвите е сериозен еколошки проблем што директно влијае врз здравјето на луѓето и животот и може да биде резултат на различни фактори. Како резултат на направената анализа и со оглед фактот што старото хидојаловиште во Пробиштип од експертите постојано е оценувано како втора по значење еколошка закана во државата, оваа локација е соодветна да се користи како тест-локација за развој на новиот методолошки пристап.
Извештајот е фундамент од каде што треба да се идентификуваат објектите од интерес за заштита на природата, некои треба да се преиспитаат така што ќе се оформи дефинитивна слика на релевантните објекти и територии од интерес за заштита на природата во источниот дел на Република Северна Македонија.
Целосниот текст на извештајот е достапен овде.