Реставрацијата на почвите може да отстрани до 5,5 милијарди тони стакленички гасови секоја година

Дополнувањето и заштитата на светските резерви на јаглерод во почвата може да помогне да се компензираат до 5,5 милијарди тони стакленички гасови секоја година, се наведува во студијата.

Ова е нешто под сегашните годишни емисии на САД, вториот по големина загадувач во светот по Кина. Околу 40% од овој потенцијал за неутрализирање на јаглерод ќе потекнува од заштита на постојните складишта на почвен јаглерод во шумите, тресетските земји и мочуриштата во светот, велат авторите. Во многу делови на светот, ваквите „природни климатски решенија“ базирани на почвата би можеле да бидат со придобивки за животинскиот свет, производство на храна и задржување на водата, раскажува главниот автор за „Carbon Brief“.

Важност

Најгорната површина на светските почви содржи три пати повеќе јаглерод од целата атмосфера, што ги прави главни складишта на јаглерод покрај шумите и океаните. Почвите играат клучна улога во циклусот на јаглерод, со впивање на јаглерод од мртва растителна материја. Растенијата апсорбираат CO2 од атмосферата преку фотосинтеза и ова се пренесува во земјата кога мртвите корени и лисјата се распаѓаат. Но, човечката активност, особено земјоделството, може да предизвика испуштање на јаглерод од почвата со поголема брзина отколку што се заменува. Малку земји бележат податоци за загуба на почвениот јаглерод  директно од земјоделството, според најновиот извештај на Меѓувладината комисија за климатски промени, што го отежнува разбирањето на степенот до кој загубите на јаглерод во почвата придонесуваат за климатските промени. Новата анализа, објавена во „Одржливост на природата“, разгледува како заштитата и надополнувањето на почвите – како во земјоделските, така и во природните предели – би можеле да помогнат во борбата против затоплувањето. Ако се покаже дека, со техниките за подобрување на складирањето на почвениот јаглерод кои би се активирале на  максимално претпоставено ниво низ целиот свет, тие може да отстранат до 5,5 милијарди тони CO2e годишно.

Пресментка на јаглеродот

Анализата, авторите ја засноваат на претходна студија која го разгледувала глобалниот потенцијал за отстранување на стакленички гасови на сите „природни климатски решенија“. Терминот се користи за да се опишат низа техники на негативни емисии кои имаат за цел да ја зајакнат можноста на природните екосистеми да го отстранат CO2 од атмосферата. Истражувањето открива дека четвртина од сите способности за отстранување на стакленички гасови  на природни климатски решенија потекнуваат од техники засновани на почва, како што се заштита и обновување на шумски почви, тресетишта и мочуришта.

https://mcsoil.eu/wp-content/uploads/2020/05/soil.png

На графиконот подолу е прикажан потенцијалот за отстранување на стакленички гасови на различни природни климатски решенија засновани на почва. Бројките се прикажани во милијарди тони CO2е годишно.

Истражувањето покажува дека најголемиот потенцијал за отстранување на стакленички гасови доаѓа од заштита на постојните шуми и пошумување. Оваа техника би можела да надомести 1,2 милијарди тони СО2е годишно, кога ќе се земе предвид само шумскиот почвен јаглерод.

Почвите од шумите се светски важно складиште за јаглерод. Тие можат да бидат особено богати со јаглерод, бидејќи апсорбираат голема густина на мртва растителна материја. Шумските почви исто така играат значајна улога во апсорпцијата на метанот. Друга техника на почвата со голем потенцијал е „биохар“, според истражувањето. Biochar е јаглен богат со јаглерод кој, кога ќе се распрска на земја, може да го зачува складирањето на јаглерод во почвата.

Тресетиштата претставуваат јаглеродни густи средини опкружени со делумно распаѓање на органска материја. Тие покриваат само 3% од светската површина, но содржат до третина од јаглеродот во почвата. Реставрацијата на мочуриштата исто така може да има важна улога во отстранувањето на стакленичките гасови од атмосферата, според истражувањето. Како морската трева, така и мочуриштата содржат почвен јаглерод богат со вода. Една неодамнешна студија покажа дека мочуриштата на Амазон се двојно побогати со јаглерод од дождовните шуми во истиата област, спреку почвите што го чуваат поголемиот дел од овој јаглерод

Ко-придобивки и трошоци

Студијата исто така ги истражува веројатните трошоци и придобивките од секое решение за природна клима засновано на почвата.

https://mcsoil.eu/wp-content/uploads/2020/05/image.png

Графиконот подолу го покажува процентот на отстранување на CO2e за секоја техника што би била со ниска цена (црна), економична (сива) и во моментов не е економична (бела). Техниките се групирани во три категории: шуми (горе), земјоделство и пасишта (средина) и мочуришта (долу). Ознаките во боја означуваат  дали е веројатно дека техниката има ко-придобивки за воздухот (жолтa), биолошката разновидност (зеленa), водата (синa) и храната (црвенa).

На графиконот е прикажано како со избегннување на деградацијата на шумите, тресетиштата  и мочуриштата би бил најевтиниот начин за намалување на емисијата на стакленички гасови на глобално ниво.

Сепак, вреди да се напомене дека екосистемите сè уште се соочуваат со големи закани во многу делови на светот. На пример, неодамнешните сателитски податоци покажуваат дека уништувањето на шумите во Амазон би можело да достигне рекордно високо ниво во 2020 година. Во меѓувреме, најголемото тропско земјиште на светот е загрозено со планот за вадење на нафта.

Целосниот текст е достапен на: https://www.carbonbrief.org/restoring-soils-could-remove-up-to-5-5bn-tonnes-of-greenhouse-gases-every-year