
Клучни факти што за почвата треба да ги знаеме
Почвата е кревок, ронлив слој на земјата кора што ги опфаќа континентите, помеѓу површината и карпестата основа. Формирана е од минерални честички, органска материја, вода, воздух и живи организми. Тоа е во заемно дејство помеѓу земјата, воздухот и водата и е домаќин на поголемиот дел од биосферата.
Почвата ни обезбедува храна, биомаса и суровини, служи како платформа за човековите активности, нашиот пејзаж и нашето наследство и игра централна улога како живеалиште и ген базен. Ги чува, филтрира и трансформира супстанциите како што се вода, хранливи материи и јаглерод.
Почвата е клучна, во голема мера необновлива и многу комплексна природна суровина и сепак се повеќе е оштетена од одредени човечки практики.
Еве неколку клучни факти за почвата
1. Почвата го претставува нагорниот слој на нашата планета и е формирана од карпи и распаднато растенија и животни.
2. Почвата има различни количини органска материја (како резултат на распаѓање на живи организми), минерали и хранливи материи.
3. Таа помага да се исчисти водата што ја пиеме и воздухот што го дишеме – бесплатно!
4. Просечен примерок на почва е 45% минерали, 25% вода, 25% воздух и 5% органска материја. Минерални честички со различна големина, како што се песок, тиња и глина, ја даваат текстурата на почвата.
5. Површината е најпродуктивниот слој на почвата.
6. Десет тони ѓубриво рамномерно распоредени на еден хектар се дебели како монета од едно евро.
7. Природните процеси за да се формираат два сантиметри земјана површина можат да траат повеќе од 500 години.
8. Во некои случаи, пет тони животински свет може да живеат во еден хектар почва.
9. Габите и бактериите помагаат во распаѓањето на органската материја во почвата.
10. Црвите во почвата ја преработуваат органската материја, рециклираат хранливи материи и ја прават површинската почва побогата.
11. Корените ја олабавуваат почвата, дозволувајќи им навлегување на кислородот. Ова им користи на животните кои живеат во почвата. Тие исто така ја држат почва заедно и помагаат да се спречи ерозијата.
12. Целосното функционирање на почвата го намалува ризикот од поплави и го штити подземното снабдување со вода со неутрализирање или филтрирање на потенцијалните загадувачи и складирање на дури 3 750 тони вода на хектар.
13. Научниците за почва идентификувале над 10 000 различни видови почва во Европа.
14. Почвите ширум светот содржат 1 550 милијарди тони органски јаглерод (за да се споредат со атмосферски јаглероден базен од 760 милијарди тони и 560 милијарди тони јаглерод во живи организми и растенија).
15. Почвата зафаќа околу 20% од емисии на јаглерод диоксид во светот создадени од човекот
Извор: https://ec.europa.eu/environment/soil/pdf/factsheet_2007_en.pdf