ПРОЕКТ „ИДЕНТИФИКАЦИЈА И МОНИТОРИНГ НА КОНТАМИНИРАНИ ПОЧВИ СО КОРИСТЕЊЕ НА ИНОВАТИВНА МЕТОДОЛОГИЈА“ со акроним “MCSoil”
Референтен №: CB006.2.11.021
ВОДЕЧКИ ПАРТНЕР: КЛАСТЕР ОБНОВЛИВИ ИЗВОРИ НА ЕНЕРГИЈА
ПРОЕКТЕН ПАРТНЕР: ЦЕНТАР ЗА ЛЕКОВИТИ БИЛКИ И ШУМСКИ ПЛОДОВИ АМБРОЗИЈА
ВРЕМЕТРАЕЊЕ: 15 месеци (jули 2019 – октомври 2020)
ФИНАНСИРАЧКА ОРГАНИЗАЦИJA: Интеррег-ИПА прекуграничната програма Бугарија – Македонија 2014-2020, CCI No 2014TC16I5CB006
ПРИОРИТЕТНА ОСКА 1: Животна средина
СПЕЦИФИЧНА ЦЕЛ 1.1: Заштита на животната средина и одржливо користење на заедничките природни ресурси во прегуграничната област
ВКУПЕН БУЏЕТ: 113 861.00 EUR
ЦЕЛНИ ГРУПИ:
- Приватни и други истражувачи од прекуграничниот регион, вклучувајќи консултанти, наставници, научници, професори, студенти итн.
- Локалните власти од прекуграничниот регион, односно општините, регионалните власти, итн.
- НВОи активни во областа на заштитата на животната средина.
- Државни институции одговорни за регионален развој и заштита на животната средина.
ОСНОВНИ ЦЕЛИ:
Проектот е насочен директно да се проценат специфичните потреби на регионот за мапирање на постојното и потенцијалното загадување на почвата и да се подигне свеста за состојбата со ресурсите на почвата во Република Бугарија и Република Северна Македонија, како и да се влијае на подобрување на ефикасноста на управувањето со ресурсите во однос на на почвата. Главната цел на проектот е да се спроведе скрининг на животната средина и следење на почвата со примена на иновативна методологија.
АКТИВНОСТИ НА ПРОЕКТОТ:
- Проектни активности за управување и координација;
- Активности за комуникација и дисеминација на информации за проектот;
- Пилот концепт за избор на конкретни локации, поставување на места за тестирање и планирање на мрежата за скрининг на почвата, во согласност со специфичните потреби на регионот;
- Градење на капацитети и имплементација на пилот-алатки за еколошко испитување и следење на почвите со иновативна методологија;
- Потврдување на методологијата за скрининг на загадување на почвата, која се состои од независни хемиски анализи на одбрани примероци од локациите кои се испитуваат, изработка на тематски карти, геостатистичка и просторна анализа на податоците;
- Завршна конференција за дисеминација на резултатите од проектот во Република Северна Македонија.
РЕЗУЛТАТИ ОД ПРОЕКТОТ:
- Спроведена детална проценка на специфичните потреби на регионот за мапирање на постојната и потенцијалната контаминација на почвата;
- Подобрена ефикасност во управувањето со ресурсите во однос на почвата и зголемени можности за флексибилен мониторинг на животната средина во програмсата област, базиран на предложениот иновативен пристап за еколошко испитување и следење на почвите;
- Зајакната институционална соработка меѓу невладините организации, академските организации и јавните власти (локални, регионални и национални) во прекуграничниот регион на Република Бугарија и Република Македонија како заедничка платформа за ширење на знаења и зајакнување на капацитетите и вештините на институциите кои се занимаваат со скрининг на животната средина и мониторинг;
- Зголемена свест за состојбата со ресурсите на почвата во земјите-партнери постигнати преку проценка на специфичните потреби на регионот во однос на загадувањето на почвата и детално проучување на две “чувствителни” области од заедничкиот прекуграничен регион – две загадени индустриски региони (термоцентрала “Бобов дол” и регионот на Пробиштип-Злетово) и две природни заштитени зони “Чослево блато” – Република Бугарија и “Плоче” (локалитет Плоче-Литотелем) – Република Северна Македонија.